Словачка ќе ја задржи забраната за одредени земјоделски производи од Украина бидејќи им штетат на словачките земјоделци, имајќи предвид дека Европската унија презема чекори за продолжување на пристапот на пазарот за уште една година од јуни, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо.
Политиката на ЕУ во овој поглед е ужасна. Нема проблем да пропаднат земјоделците во Словачка, земја членка на ЕУ. Главната работа е што Украина е задоволна, рече Фицо во видео пост, пренесен од британските медиуми.
Тој додаде дека словачкиот претставник вчера заедно со полскиот и унгарскиот амбасадор гласал против предлогот на Европската комисија за продолжување на суспензијата на квотите и царините за украинските земјоделски производи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.