Финското Министерство за правда ги отфрли барањата за екстрадиција на лицата кои Анкара ги смета за членови на терористички организации.
Финска не се согласи да и испорача на Турција луѓе кои, според Турција, биле поврзани со движењето на проповедникот Фетула Ѓулен или со курдската организација ПКК, кои тие ги сметаат за терористи, пишува финскиот весник „Иле“.
Станува збор за барања за екстрадиција што Турција ги достави до Финска од 2019 до 2022 година.
До почетокот на јуни оваа година, Финска доби десет барања за екстрадиција од Турција.
Финска екстрадираше две лица, но според документите за овие екстрадиции, се чини дека нема знаци на тероризам, се наведува во соопштението на финскиот весник.
Турција, меѓу другите, бара екстрадиција од Финска на еден човек осуден за палење на амбасадата во Хелсинки.
Анкара засега го блокира приемот на Финска и Шведска во НАТО затоа што смета дека двете земји ги поддржуваат и им даваат засолниште на луѓе што Турција ги бара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.