Финската премиерка Сана Марин вели дека е време Финска сериозно да ја преиспита својата позиција за воената посветеност.

Воената агресија на Русија во Украина ја принуди Финска да ја преиспита својата безбедносна политика, смета Марин, додавајќи дека „Русија не е соседот кој мислевме дека е“.

Секоја одлука за барање членство во НАТО треба да биде донесена „темелно, но брзо, во суштина – оваа пролет – рече премиерката.

Таа рече дека Финска ќе се соочи со последиците ако одлучи да бара влез во алијансата или реши да остане надвор од неа, јавуваат финските медиуми.

Премиерката рече дека ќе го открие својот личен став за НАТО додека се водат дискусиите за членство во наредните недели.

Ако претседателот или јас би изразиле цврсти мислења за ова прашање, тоа би бил крај на дебатата. Верувам дека е многу важно сите централни институции на Финска да бидат вклучени во тековната дебата – рече таа.

Марин, исто така, нагласи дека не била свесна дека некоја актуелна членка на НАТО се противи на потенцијалната кандидатура на Финска.

Финскиот претседател Саули Нинисто, исто така, вели дека широката поддршка за НАТО изразена во неодамнешните анкети може да го отвори патот за приклучување во воениот блок предводен од САД без референдум.

НАТО мора да знае дека има поддршка од народот. Според мене, тоа веќе го имаме – рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.