Финска бележи зголемување на бројот на баратели на азил од трети земји кои пристигнуваат на граничните премини со Русија, поради што земјата се подготвува да „преземе акција“ за да се справи со ситуацијата, изјави финската министерка за внатрешни работи, Мари Рантанен, пренесоа британските медиуми.

За кратко време нивниот број значително се зголеми. Руските власти го променија начинот на работа за да го дозволат патувањето во Финска и покрај недостигот на документи, што е нелегален влез, изјави министерката Рантанен.

Таа изјави дека од вчераутро од Русија се пристигнати околу 60 баратели на азил, а податоците на финската Погранична служба покажуваат дека од 1 август до 12 ноември пристигнале 91 лице без потребните документи.

-Министерството за внатрешни работи ќе подготви предлог што ќе може да им овозможи на службениците да го ограничат граничниот сообраќај или да затворат некои од граничните премини, рече Рантанен.

Финска, членка на НАТО, со Русија дели 1.340 километри граница, и таа се смета за надворешна граница на Европската унија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.