Федералниот судија Луис Каплан денеска го отфрли барањето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за ново судење во граѓанскиот случај што го покрена Е. Џин Керол, кога поротата утврди дека Трамп е одговорен за сексуален напад и клевета на писателката и и досуди 5 милиони долари отштета.

Во одлуката на 59 страници, Каплан рече дека поротата не постигнала „сериозно погрешен резултат“ и дека пресудата од 9 мај не била „погрешна правда“.

Керол го обвини Трамп дека ја силувал во соблекувалната на стоковна куќа на Менхетен во средината на 1990-тите, по што тој, во 2022 година, на својата платформа „Truth social“ го оцени чинот како измама.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.