Две хакерски групи поврзани со Северна Кореја, Лазарус и АПТ38, биле одговорни за кражба на 100 милиони долари во јуни минатата година од американската крипто компанија Хармонија, соопшти Федералното биро за истраги, како што објави Ројтерс.

На 13 јануари, овие хакерски групи користеле протокол за приватност наречен Раилган за да ја „исперат“ криптовалутата Едер вредна повеќе од 60 милиони долари, присвоена за време на кражбата во јуни и претворена во Биткоин, се вели во соопштението на ФБИ.

ФБИ тврди дека Северна Кореја користи кражба и перење криптовалути за да ги поддржи своите програми за балистички ракети и оружје за масовно уништување, пренесе Танјуг.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.