Лидерот на британската десничарската Реформска партија, Најџел Фараж денеска изјави дека Западот ја испровоцирал војната во Украина со проширување на Европската унија и НАТО на исток.

„Се разбира (рускиот претседател Владимир) Путин е виновен за војната. Но, поради проширувањето на ЕУ и НАТО, тој би можел да им каже на Русите дека Западот повторно се заканува“, рече Фараж во интервју за Би-Би-Си.

На прашањето за неговата контроверзна изјава во 2014 година дека Владимир Путин е светскиот лидер на кој најмногу му се восхитува, Фараж објасни дека не му се допаѓа Путин како личност, туку дека му се восхитува како политичка личност бидејќи успеал да ја преземе контролата врз водењето на Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.