Сердар Бердимухамедов, синот на актуелниот претседател на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов, како кандидат на владејачката Демократска партија на Туркменистан победи на претседателските избори во земјата.

Централната изборна и референдумската комисија на земјата соопшти дека Сердар освоил 72,97 отсто од гласовите на избирачите.

Во согласност со член 76 од Изборниот законик на Туркменистан и врз основа на одлука на Централната изборна комисија од 14 март 2022 година, вицепремиерот на Туркменистан Сердар Гурбангули Бердимухамедов е назначен за претседател на Туркменистан со освоени 72,9 отсто од гласоците – се наведува во соопштението на Изборната комисија.

Комисијата потсетува дека на претседателските избори одржани на 12 март, гласале околу 3.362.052 лица или 97,17 отсто од запишаните избирачи.

На претседателските избори учествуваа девет кандидати, од кои осум добија од 1,08 до 2,22 отсто од гласовите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.