Според првата прелиминарна проценка, еврозоната во јули забележа трговски суфицит од 6,5 милијарди евра, објави Евростат.

Наведениот резултат значително се разликува од ситуацијата во јули 2022 година, кога еврозоната забележа трговски дефицит од 36,3 милијарди евра.

Во јули, еврозоната извезла стоки во светот за 227,8 милијарди евра, што е за 2,7 отсто помалку од јули 2022 година, а увезе стоки за 221,3 милијарди евра – 18,2 отсто помалку од јули минатата година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.