На 28 февруари, членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, ќе разговараат за нацрт-позициите за реформите поврзани со ЕУ во Албанија, Македонија и Турција, јави дописникот на МИА.

Европратениците ќе имаат и дебата со Свен Купманс, специјален претставник на ЕУ за мировниот процес на Блискиот Исток. На состанокот ќе има и дебата со Комисијата за развој со Ахим Штајнер, администратор на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и гласање за насоките за Буџетот за 2023 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.