Сликите на сексуална злоупотреба на деца создадени со помош на апликации за вештачка интелигенција (ВИ) се зголемуваат, што го отежнува идентификувањето на жртвите и сторителите, предупреди Европол.
„Обемот на автоматски произведени слики од сексуален материјал сега е значаен и растечки дел од сексуалната детска порнографија на Интернет“ и „се очекува дополнително да се шири во блиска иднина“, подвлекува во својот извештај европската полициска служба со седиште во Хаг.
Дури и во случаи кога содржината е целосно генерирана од вештачка интелигенција и не прикажува вистински жртви, детската порнографија генерирана од вештачка интелигенција сè уште придонесува за објективизација и сексуализација на децата, истакна Европол.
Употребата на апликации за вештачка интелигенција за создавање или менување на материјал за сексуална детска порнографија, исто така, ја зголемува „количината на нелегален материјал во оптек и ја отежнува идентификацијата на жртвите, како и на сторителите“.
Појавата на апликации за вештачка интелигенција предизвикува зголемена загриженост за употребата на овие апликации за злонамерни цели, особено преку создавање на „deepfakes“ – компјутерски генерирани слики и видеа, честопати реални, базирани на вистински модел.
Повеќе од 300 милиони деца секоја година се жртви на сексуална експлоатација и злоупотреба на интернет, објавија во мај истражувачите од Универзитетот во Единбург.
Прекршоците се движат од изнуда насочена кон тинејџери по објавување сексуални фотографии и видеа на интернет („sextorsion“), до навредлива употреба на вештачка интелигенција за создавање лажни видеа и слики, според истражителите.
Освен што создаваат груби и непристојни слики на малолетници, криминалците користат вештачка интелигенција за да извршат низа злосторства кои се движат од онлајн измама до сајбер-напади, се вели и во документот на Европол од 37 страници, кој ги мапира онлајн заканите со кои Европа моментално се соочува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.