Цела Европа е на удар. Предупредувања за невреме се на сила речиси во сите европски земји.


Како што беше најавено, Хрватска ја зафати огромна промена на времето. Невреме со грмотевици, силен ветар, обилни дождови создадоа проблеми низ целата земја.

Според чешките и полски метеоролози, во некои подрачја на нивната земја би можеле да паднат до 400 литри дожд на метар квадратен во идните четири дена, а во Австрија и Словачка околу 200 литри.


Културните манифестации предивдени за овој викенд во овие земји се откажани поради најавениот цилкон.

Постои реален ризик од локални поплави во петок и недела, предупредија полските метеоролози. Во Вроцлав, кој има 675.000 жители, општината основаше кризен штаб.

Градовите во Моравска подигнале бариери против поплавите и подготвиле вреќи со песок во очекување на невреме кое ќе биде последно со ветрови со брзина до 100 километри на час.

Според тврдењата на австриската телевизија ОРФ, водостојот на Дунав би можел да нарасте до ниво кое не е видено пет до 10 години.

Австрискиот канцелар Карл Нехемар рекол дека е подготвен да распореди до 1.000 војници, ако биде потребно.

Словачката војска и пожарникари доброволци исто така се подготвени да помогнат.

Силно невреме вчера зафати и дел од Словенија, словенечкото Приморје и Истра, а посебно подрачјето на Копар. Во словенечка Истра за само неколку часа падна повеќе дожд отколку за цело лето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.