Британскиот премиер Риши Сунак е казнет затоа што не го ставил појасот на задното седиште од својот автомобил додека бил на пат во северна Англија.
Риши Сунак го извршил прекршокот додека снимал за Инстаграм за време на тридневната посета на северните градови за да промовира нов владин план. Видеото на кое се гледа дека не е врзан е отстрането од социјалните мрежи.
Даунинг стрит рече дека инцидентот бил „мала грешка“, но полицијата во Ланкашир сепак одлучила да го казни Сунак.
– Многумина од вас се свесни дека на социјалните мрежи кружи видео на кое човек не е врзан додека е во автомобил во движење. Затоа изрековме казна на четириесет и двегодишен маж од Лондон,соопштија од полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.