Околу 500 вработени денеска се евакуирани од седиштето на шведската Агенција за безбедност поради сомнително истекување на гас, соопшти локалната полиција.

Петмина вработени, кои имале проблеми со дишењето, се пренесени во болница, пренесуваат американските медиуми.

На социјалните мрежи се објавени слики од местото на настанот, на кои се гледа како полицајци носат гас-маски, а шведските медиуми објавија дека е забранет пристапот на 500 метри од зградата.

На жителите во околните згради им било наредено да ги затворат прозорците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.