Американската тајна служба истражува сомнителна супстанција која во неделата вечерта предизвика кратка евакуација oткако беше пронајдена во Белата куќа. Службеник запознаен со истрагата тврди дека прелиминарното тестирање покажало дека белиот прав всушност бил кокаин. Портпаролот на Тајната служба, Ентони Гуглиелми, потврди дека супстанцата е подложена на дополнително тестирање за да се утврди што е, а властите истражуваат како се нашла во Белата куќа.

Тој посочи дека противпожарната служба потврдила дека супстанцата не претставува закана. Тој додаде дека откритието поттикнало зголемено безбедносно предупредување и кратка евакуација. Тој тврди дека американскиот претседател Џо Бајден во тоа време не бил во Белата куќа. Тој одби да каже конкретно каде во Белата куќа е пронајдена супстанцијата или како е спакувана, пишува „Вашингтон пост“.

Тој изјави дека супстанцијата ја пронашле униформирани членови на Тајната служба кои вршеле рутински обиколки низ зградата. Вито Маџоло, портпарол на противпожарната и итната служба, само рече дека службите „и пружиле поддршка на американската тајна служба во спроведувањето на истрагата“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.