Евакуацијата на цивилите од Мариупол е одложена, соопшти градскиот совет.

Според него, руската страна не го почитувала привремениот прекин на огнот.

Русите продолжуваат да не бомбардираат, користат артилерија. Ова е лудило – изјави заменик градоначалникот Сергеј Орлов.

Нема прекин на огнот во Мариупол и нема прекин на огнот долж рутата за евакуација. Нашите цивили се подготвени да бегаат, но не можат да излезат додека продолжува гранатирањето- кажа Орлов.

Во соопштението на градската управа се наведува дека жителите треба да се разотидат и да најдат засолниште, а наскоро ќе добијат и повеќе нови информации.

Градоначалникот на Мариупол претходно за Би-Би-Си изјави дека во тек е гранатирањето на градот и дека на секои три минути паѓа по една граната.

Орлов утрово изјави дека организирале 50 автобуси со кои би се евакуирале 6.000 лица до Запорожје, а ги повика жителите да заминат и со своите автомобили.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.