Европската Унија предурпеди дека Белорусија би можела да почне со процес да биде „домаќин“ на руско нуклеарно оружје, по „многу опасната“ одлука на референдумот за откажување од ненуклеарниот статус на државата.
Знаеме што значи за Белорусија да биде нуклеарна. Тоа значи дека Русија ќе стави нуклеарно оружје во Белорусија и ова е многу опасен пат – изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
На вчерашниот референдум за новиот устав, со кој Белорусија се откажува од својот ненуклеарен статус, според официјалните податоци, „За“ гласале 65 отсто од граѓаните.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко вчера изјави дека би можел да бара од Русија да го врати нуклеарното оружје во Белорусија.
Ако (Западот) распореди нуклеарно оружје во Полска или во Литванија, до нашите граници, тогаш ќе му се обратам на Путин да го врати нуклеарното оружје што го дадов без никакви услови – истакна Лукашенко.
Западните земји претходно соопштија дека нема да ги признаат резултатите од референдумот, што се одржуваше во атмосфера на пресметка со белоруската опозиција и противниците на режимот на Лукашенко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.