Европската комисија наскоро ќе го претстави планот за четирикратно зголемување на производството на електронски чипови во Европа до 2030 година, а тоа ќе биде една од главните иницијативи на европската индустрија, што е клучно и од геополитичка гледна точка.
Ние сакаме да достигнеме 20 отсто од светското производство до 2030 година, знаејќи дека дотогаш пазарот треба двојно да се зголеми. Затоа, потребно е Европа сопственото производство да го помножи со четири – изјави еврокомесарот за внатрешна трговија Тиери Бретон.
Глобалната економија сега се соочува со недостиг на полупроводници, додека побарувачката е зголемена поради се поголемата дигитализација.
Новиот проект наречен „Чипс акт“ делумно ќе биде финансиран од европските фондови – нагласи Бретон.
Според него, „помошта нема да биде доделена само за финансирање на зголемувањето на сегашните производни линии за да се справиме со сегашниот недостиг, туку и ќе ги поддржи иновациите и производството на чипови од новата генерација“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.