Европската Унија има намера неделава да ја суспендира важноста на договорот со Русија за олеснет визен режим, објави „Фајненшл тајмс“.
Британскиот дневен весник наведува дека планот за замрзнување на договорот од 2007 година ќе го отежне и поскапи добивањето патни документи во Шенген зоната за слободно движење за руските граѓани.
Според извори на изданието во Брисел, одлуката ќе ја донесат министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ во вторник – првиот ден од нивната неформална средба во Прага, но ќе биде објавена – в среда.
Несоодветно е руските туристи да се шетаат низ нашите градови. (Европската Унија) треба да испрати сигнал до населението на Русија дека „специјалната воена операција“ во Украина е неприфатлива“, изјави еден од изворите за весникот.
Претходно оваа недела, земјите од ЕУ кои граничат со Русија се заканија дека еднострано ќе ги затворат границите за руските туристи доколку таквата одлука не биде донесена на ЕУ ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.