На проблемот со кој се соочуваат земјите членки на ЕУ со вишокот вакцини против Ковид-19, кои не можат да се искористат и се уништуваат, како прашање за кое потребно е да се најде решение, се осврнал министерот за здравство на Грција Танос Плеврис за време на состанокот на со неговите колеги од Унијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Плеврис ги поздравил дискусиите со компаниите за нарачките и решавање на конкретното прашање и рекол дека земјите членки на Европската Унија треба да бидат подготвени да ги разгледаат сите соодветни решенија, како што е временското поместување на нарачките придружено со драстично намалување на количините, па дури и откажување на некои од нив.

Паралелно истакнал дека до постигнување конечен договор со надлежната Комисија, испораките на вакцините треба да се стопираат барем за почетокот на следната година.

Во однос на донирањето вакцини за трети земји, Плеврис ја повикал Комисијата да продолжи со дискусиите со Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (ГАВИ), но и со соседните земји на ЕУ, со цел да се апсорбираат што е можно повеќе од вишокот на ЕУ, и истакнал дека Грција ќе продолжи да донира вакцини во трети земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.