Европската комисија изминатата пролет ја предупреди германската влада за можните штетни последици од инвестицијата на кинеската бродска компанија „Коско“ во пристаништето Хамбург, објави германскиот деловен весник „Ханделсблат“.
Минатата година „Коско“ поднесе понуда за преземање на 35 отсто од акциите на еден од трите терминали во најголемото германско пристаниште.
Понудата предизвика раскол во владејачката коалиција во Берлин, велат владини извори, бидејќи некои министри се за зелено светло, а други бараат блокада.
Пекинг му порачува на Берлин да не ја политизира понудата, а пристанишните власти предупредуваат на можни негативни последици за економијата.
Според „Ханделсблат“, ЕУ го предупредила Берлин дека зеленото светло може да и овозможи на Кина пристап до чувствителни деловни информации.
Германската влада допрва треба да донесе одлука и одби да ги коментира информациите на весникот. Портпаролот на Олаф Шолц изјави дека канцеларот сè уште не се договорил со ресорните министри каква одлука да донесе.
Од Европската комисија велат дека не коментираат поединечни инвестиции.
Лидерите на Европската Унија меѓу другите теми, разговараат и за намалувањето на економската зависност на ЕУ од Кина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.