Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, „остро“ го осуди севернокорејското лансирање на балистичка ракета што прелета над Јапонија, нарекувајќи го „неоправдана агресија“.

Ова лансирање ракета, што го поттикна Токио да го активира својот систем за предупредување, „е намерен обид“ да се загрози безбедноста на регионот. Европската унија е во солидарност со Јапонија и Јужна Кореја – напиша Мишел во твит.

Медиумите во источна Азија објавија дека вооружените сили на Cеверна Кореја утринава по локално време истрелале балистичка ракета со среден дострел, која прелетала низ јапонскиот воздушен простор и поминала околу 4.600 километри пред да се урне во водите на Тихиот Океан.

Лансирањето на ракетата го осудија и САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.