Естонија се закани дека ќе ги затвори сите православни цркви коишто нема да ги прекинат врските со Руската православна црква (РПЦ).

Постои канонска врска меѓу Московската патријаршија и Естонската православна црква на Московската патријаршија – тие се дел од еден ентитет. Целта на Естонија е да ги прекине сите односи, канонски и правни, на локалните верски заедници со Москва“, изјави шефот на Министерството за внатрешни работи на земјата, Лаури Ланеметс.

Ланеметс додаде дека оние парохии кои ќе му останат верни на рускиот патријарх Кирил и нема да се откажат од врската со РПЦ ќе бидат принудени во одреден момент да ја прекинат својата активност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.