Продолжува политизацијата на Црквата во земји од од Европа.

Архиепископот на Талин и цела Естонија Евгениј (Решетников) ќе ја напушти земјата на 6 февруари, соопшти Естонската православна црква.

Естонските власти неодамна одлучија да не ја обноват дозволата за престој на Архиепископот, со образложение дека „тој претставува закана за државната безбедност со тоа што не ги осудил постапките на Русија во Украина“.

Самиот архиепископ одлуката ја нарече политички мотивирана. Тој има намера да продолжи да ја води Естонската православна црква во егзил како водач избран од Синодот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.