Ерменскиот парламент во март ќе го избере следниот претседател.

Се надевам дека до изборите во март целосно ќе ги исполнувате должностите на министер за високо-технолошка индустрија и во овој период сите ќе работиме ефикасно – изјави премиерот Никол Пашинијан, за време на владината седница, обраќајќи му се на провладиниот претседателски кандидат, министерот за високо-технолошка индустрија Вахан Хачатуријан.

Премиерот додаде дека кандидатурата на Хачатуријан е поддржана од 65 пратеници, што го прави официјален претседателски кандидат.

Во моментов вршител на должноста претседател на државата е претседателот на парламентот, Ален Симонјан. Неговиот претходник, Армен Саркисјан, минатиот месец ја соопшти својата оставка по четири години на функцијата, поднесена поради неможноста да влијае на политичките одлуки во земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.