Ерменија почна со плаќање на рускиот гас во рубљи, изјави за РБЦ, министерот за економија Вахан Керобјан.
Колку што знам, последните неколку плаќања беа во рубљи, но, по соодветен курс, појасни министерот.
Керобјан истакна дека цената се одредува во долари, но плаќањето е во рубљи.
Премиерот на Белорусија, Роман Головченко уште на 3 април најави дека Минск во рубљи ќе ги плаќа испораките на нафта и гас од Русија.
Рускиот претседател Владимир Путин на 31 март потпиша указ за таканаречените „непријателски земји” да го плаќаат рускиот гас во рубљи.
Под „непријателски земји” спаѓаат оние, што воведоа санкции против Русија, поради инвазијата на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.