Турскиот претседател Таип Ердоган, одговарајќи на новинарско прашање за содржината на извештајот на Европскиот парламент за Турција, рече дека Анкара може да се „раздели“ со Европската унија доколку е потребно.
Во извештајот, усвоен претходно оваа недела, се наведува дека процесот на пристапување на Турција во европскиот блок не може да продолжи под сегашните околности и ја повикува ЕУ да ја истражи можноста за примена на „паралелна и реална рамка“ кога се занимава со односите со Анкара.
Турција е официјален кандидат за членство во ЕУ веќе 24 години, но преговорите за пристап беа закочени во последниве години поради загриженоста на блокот за кршење на човековите права и почитување на владеењето на правото во Турција.
ЕУ се обидува да се раздвои од Турција, им рече Ердоган на новинарите пред неговото патување во САД. „Ние ќе дадеме свои проценки во однос на ваквиот развој на настаните и, доколку е потребно, можеме да се раздели со ЕУ.
Турското Министерство за надворешни работи изјави претходно оваа недела дека извештајот на Европскиот парламент содржи неосновани обвинувања и предрасуди и дека има „плиток и невизионерски“ пристап кон врските на Турција со ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.