Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека сериозно го сфаќа руското негирање за вмешаност во падот на проектилите во Полска. Според него, веројатно се работи за техничка грешка.
Се сретнав со германскиот канцелар Олаф Шолц. Постои општ впечаток дека оваа ракета не е од руско производство и оваа изјава отвора пат до одредени факти, така што не треба да се инсистира оти ракетата е лансирана од Русија. Тоа би било провокација, смета Ердоган.
Тој додаде дека „мир може да се воспостави само низ дијалог и ние сакаме да воспоставиме дијалог“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.