Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган за државната телевизија ТРТ истакна дека и понатаму е против членство на Финска и на Шведска во НАТО.

Им кажавме на лидерите на НАТО дека ќе кажеме не на апликациите на Финска и на Шведска. И тоа продолжува да биде наш став, посочи Ердоган.

Финска и Шведска поднесоа барање за членство во Алијансата, но Турција вчера го блокираше почетокот на пристапните преговори со двете скандинавски земји во Советот на НАТО, поради нивната поддршка на забранетата Курдистанска работничка партија и курдската милиција Единици за народна одбрана во Сирија.

Вашингтон изр ази уверување дека двете држави ќе бидат примени во Северноатлантската алијанса, а во текот на денот американскиот претседател Џо Бајден ќе оствари средба со шведскиот премиер и финскиот претседател



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.