Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган официјално даде турско зелено светло за барањето на Шведска за влез во НАТО. Да потсетиме, турскиот парламент во средата го одобри барањето на Шведска за влез во НАТО.

Иако до неодамна тврдеше дека Шведска ќе влезе во НАТО кога Турција ќе добие зелено светло за влез во ЕУ, се чини дека нема ништо да се добие од таквата трговија. Официјално е потврдено дека по турскиот парламент, приемот на Шведска во Алијансата го одобри и претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Ако се потсетиме што рече претседателот на Турција во јули минатата година, „дека Европската унија треба да го отвори патот за пристапување на Турција во Унијата пред турскиот парламент да ја одобри кандидатурата на Шведска за прием во НАТО“, тогаш очигледно е дека имаше влијание од Северноатлантската алијанса врз Турција во изминатите шест месеци.

Да потсетиме, во пресрет на самитот на НАТО во Вилнус, Ердоган изјави дека приемот на Шведска во Алијансата зависи од спроведувањето на договорот постигнат минатото лето на самитот во Мадрид, додавајќи дека никој не треба да очекува компромиси од Анкара. Се чини дека е постигнат некаков компромис што ќе се види наскоро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.