Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција нема да заземе позитивен став за кандидатурата на Шведска и Финска за членство во НАТО доколку тие не ги исполнат своите ветувања за борба против тероризмот.

Додека не престанат да ги поддржуваат терористичките организации да дејствуваат против нашата земја, не треба да очекуваат позитивен пристап од нас – изјави Ердоган за телевизијата ТРТ, пренесува Анадолија.

Тој исто така рече дека никој не треба да очекува отстапки од Турција и дека Анкара постојано предупредува дека никој не треба да ги поддржува терористите на ПКК, како и ФЕТО.

Шведска и Финска поднесоа барање за влез во НАТО во јуни, но Турција се спротивстави на тие понуди поради, како што наведува, толеранција и поддршка на терористичките групи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.