Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Израел, кој продолжува да ги бомбардира Газа и Либан, е „ционистичка терористичка организација“.
„Историјата никогаш нема да им прости на оние кои му аплаудираат на чудовиштето одговорно за крвта на десетици илјади палестински деца, жени и цивили“, рече Ердоган, обраќајќи се на состанокот на владејачката Партија на правдата и развојот (АК) во Анкара.
Турскиот претседател го предупреди Израел дека неговата „заблуда за ветената земја“ на крајот ќе доведе до големо разочарување.
Тој, исто така, повика на зголемен регионален дијалог.
„Со оглед на атмосферата во нашиот регион, сметаме дека треба да разговараме повеќе. Ни треба помирување“, рече турскиот претседател.
Ердоган зборуваше и за поплавите што ја зафатија Босна и Херцеговина.
„Господ да ги помилува загинатите во поплавите во Босна и Херцеговина, а на повредените им посакувам брзо закрепнување. Како и досега, ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите браќа Бошњаци. На најдобар можен начин ќе ја зачуваме довербата што ми ја даде покојниот Алија Изетбеговиќ пред неговата смрт, држејќи ме за рака во болничката соба“, рече Ердоган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.