Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека очекува неговиот руски колега Владимир Путин да ја посети Турција во август.
„Вчера се сретнав со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Истанбул. Се надевам дека ќе се сретнам со Путин во август“, рече Ердоган на состанокот во североисточниот град Бајбурт, што го емитуваше телевизијата ТРТ.
По разговорот со Зеленски, Ердоган најави и дека Путин би можел да ја посети Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.