Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган смета дека украинската криза ќе трае долго, нагласувајќи дека соработува со Русија и дека и верува „не помалку од Западот“, пренесуваат медиумите во регионот.
Немам причина да не и верувам на Русија. Колку што е сигурен Запад, толку е и Русија. Во последните 50 години стоевме на прагот на Европската унија и во овој момент и верувам на Русија не помалку отколку Западот – рече Ердоган во интервју за Пи-Би-Ес.
Половина од увозот на природен гас доаѓа од Русија, што значи наша солидарност. Одиме напред со заеднички чекори, соработуваме и во одбранбената индустрија. Сето тоа можеме да го направиме заедно со Русија, додаде претседателот.
Според него, Анкара и земјите-членки на ЕУ имаат различни ставови за Руската Федерација.
Русија е еден од моите најблиски соседи. Имаме и заедничка историја – рече Ердоган.
Тој смета дека конфликтот во Украина „ќе трае долго“.
Сепак, Турција се надева дека тоа ќе заврши што е можно поскоро, рече претседателот.
Ердоган истакна дека Москва „навистина сака да стави крај на конфликтот што е можно поскоро“, пренесе „Спутник“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.