Новооткриените мејлови покажуваат дека водечкиот американски епидемиолог д-р Ентони Фаучи, во февруари 2020 година, нарачал научен труд за да ја побие теоријата дека коронавирусот протекол од лабораторија во Вухан, Кина.
Осум недели подоцна, Фаучи застана до американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа и го наведе документот како доказ дека теоријата за протекување на вирусот од лабораторија не е веројатна, а во исто време се тврдеше дека нема никаква врска со тој труд и дека не ги познава авторите, објави „Њујорк пост“.
На 17 април 2020 година, на прашањето дали вирусот би можел да дојде од кинеска лабораторија, Фаучи рече дека тоа не е можно, цитирајќи го трудот со наслов „Проксималното потекло на САРС-КоВ-2“ кој му бил испратен на Фаучи за уредување во нацрт-формулар и повторно за конечно одобрување, пред да биде објавен во списанието „Nature Medicine“ на 17 февруари 2020 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.