Европскиот парламент (ЕП) ги повика сите земји од ЕУ да воведат ембарго против испораката на енергија од Русија, изјави претседателката на ЕП Роберта Мецола.

Европскиот парламент повикува на итно паневропско ембарго на снабдувањето со енергија под контрола на Кремљ. Време е еднаш засекогаш да ја прекинеме нашата зависност од автократите, напиша таа на Твитер.

Мецола исто така вети поддршка за Бугарија и Полска по одлуката на Гаспром да ги прекине испораките на гас, затоа што двете земји одбиле да платат во рубљи.

Руската државна компанија за гас „Гаспром“ денеска потврди дека ги известила Бугарија и Полска дека ги прекинува испораките на гас затоа што не платиле за него во руски рубљи и оти секое преземање на гас наменет за трети земји ќе резултира со намалување на обемот на транзитот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.