Енергетската криза ги принуди погребниците во Германија да исклучат голем број печки во крематориумите за да заштедат гас.
Претставниците на здружението на гробари предупредуваат дека бројот на печки со кои работат можеби не е доволен за нешто помалку од милион починати лица годишно, чии семејства одлучуваат да ги кремираат нивните тела и бараат државата да ги изземе од најавените ограничувања. .
Претседателот на германскиот конзорциум за кремирање Свенд-Јерк Соболевски објасни дека крематориумите биле принудени да исклучат речиси половина од печките што ги имаат.
„Некои печки се исклучени, а други мора постојано да работат за да не се изладат, бидејќи за нивно загревање е потребно многу поголемо количество гас“, објасни Соболевски.
Тој додаде дека крематориумите на овој начин штедат гас и се усогласени со препораките на Европската комисија за намалување на потрошувачката на оваа енергија за 15 проценти. Сепак, според него, не можат сите крематориуми да се префрлат на тој систем.
„Не секој има толку клиенти. Некои имаат само една или две печки. Тоа значи дека во случај на ограничувања, тие крематориуми ќе треба да се затворат“, рече Соболевски.
Според првиот човек на Здружението на гробари на Германија, Стефан Нојзер, постои уште една опција за заштеда, а тоа е намалување на температурата во рерните.
„Температурата во печките сега е 850 степени Целзиусови. Постои можност да се намали на 750 степени. Така би заштедиле десет до 20 отсто од гасот. Сепак, законите за кремирање се многу прецизни и строги, па затоа би треба да ја одобрат таа опција прво властите“, рече Нојзер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.