Економското закрепнување по пандемиската 2020 година регистрира повторно зголемување на емисиите на јаглерод диоксид (CO2) во Европската унија по долг период на постојан пад.
Според прелиминарните податоци, емисиите на стакленички гасови кои и штетат на климата во ЕУ се зголемиле за околу пет отсто во 2021 година во споредба со претходната година, се вели во денешниот извештај на Европската агенција за животна средина (ЕЕА).
Сепак, емисиите биле околу шест отсто помали отколку во годината пред пандемијата на коронавирус во 2019 година. Помеѓу 1990 и 2020 година, емисиите од 27-те земји на ЕУ паднаа за 32 отсто, што значи дека климатската цел за намалување од 20 отсто за 2020 година беше јасно постигната. Сепак, годишниот напредок мора да биде повеќе од двојно зголемен на патот кон поамбициозните климатски и енергетски цели за 2030 година, напишаа експертите од агенцијата на ЕУ со седиште во Копенхаген.
Емисиите би требало да се намалат во просек за 134 милиони тони CO2 годишно, или четири отсто, за да се постигне целта за намалување на емисиите за најмалку 55 отсто до 2030 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.