Поранешниот воен инспекторат на Министерството за одбрана на Молдавија објави дека вооружените сили на Придњестровје поставиле експлозиви во сите складишта за оружје во отцепениот регион, вклучително и складиштето за муниција во Кобасна, така што доколку започне каква било воена операција, тоа би предизвикало катастрофална штета на делови на Молдавија, Придњестровје и Украина.
Инаку, складиштето за муниција Кобасна е најголемо во Источна Европа и содржи до 20.000 тони оружје и муниција од советската ера. Се верува дека го обезбедуваат околу 1.500 руски војници. Уште од почетокот на рускиот конфликт со Украина, во Молдавија расте загриженоста за складиштето за муниција во Кобасна, а некои веруваат дека оружјето таму би можело да се користи во потенцијален иден воен конфликт.
Дополнително, Академијата на науките на Молдавија утврди дека експлозијата на оружјето, кое се наоѓа во складиштето за муниција, на кое одамна му истекол рокот, ќе биде еквивалентно на атомското бомбардирање на Хирошима и Нагасаки. Загриженоста за таков настан се зголеми по експлозијата во Бејрут во 2020 година.
Министерството за одбрана во Кишињев во петокот објави дека „нема директни закани за воената безбедност на земјата“, откако Москва повторно ја обвини Украина дека подготвува „инвазија“ во Придњестровје и предупреди дека секоја закана за руските војници таму ќе предизвика соодветeн „ воен одговор од страна на Русија, пишува Њуз.ро.
The Former Military Inspectorate of the Ministry of Defense of Moldova has said that the Armed Forces of Transnistria have rigged all Arms Depots within the Breakaway Region including the Cobasna Ammunition Depot with explosives so if any Military Operations begins it will cause… https://t.co/QPfUdyr1b7 pic.twitter.com/hC1i9OO88s
— OSINTdefender (@sentdefender) February 27, 2023
Министерството за одбрана на Молдавија дала низа објаснувања за „информациите кои кружат онлајн, за можни предизвици на Украина во левиот Днестарски регион“ и уверува дека ги следи „сите настани, акции и промени кои се случуваат во регионот и на територијата контролирана од режимот на Придњестровје“.
Во сепаратистичкиот молдавски проруски регион Придњестровје Русија чува околу 1.500 војници, откако регионот поддржан од Москва еднострано прогласи независност за време на граѓанската војна во 1992 година.
Москва ги предупреди Украина и нејзините западни сојузници дека нападот врз руските војници во сепаратистичкиот молдавски проруски регион Придњестровје ќе го смета за напад врз самата Русија и дека ќе следи „адекватен одговор “.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека „ги предупредува САД, земјите од НАТО и нивните украински посредници да не преземаат понатамошни авантуристички чекори“.
Реакцијата следи откако руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина планира „провокација“ во Придњестровје. Повикувајќи се на разузнавачки информации руската армија изјави дека украинските војници, маскирани како Руси, планираат да спроведат операција со која ќе ја обвинат Русија за инвазија врз Украина од Придњестровје. Според тврдењата на руската армија, Киев би го искористил ова како изговор за да го нападне Придњестровје.
Тензиите меѓу Русија и Молдавија се зголемија неодамна откако руските ракети насочени кон Украина навлегоа во воздушниот простор на Молдавија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.