Британскиот весник „Економист“, пишува дека при масовниот руски ракетен напад во Украина биле уништени фабрики за производство на гранати и беспилотни летала за украинските воени сили.

Како што пишува изданието, повикувајќи се на извор од украинската одбранбена индустрија, вооружените сили на Руската Федерација биле насочени кон одбранбени објекти, и, очигледно, тоа го извеле доста успешно. Руските проектили уништија инфраструктура на украинската војска во неколку региони на Украина.

Нападите имаа стратешко значење за непријателот да ја намали нашата способност за удар. Ова е битка за тоа кој може да уништи повеќе од непријателските оружја со долг дострел“, изјавил соговорникот во разговорот со новинарите на „Економист“.

Во исто време, извор од украинскиот Генералштаб уверува дека украинските вооружени сили зимава почесто ќе го напаѓаат Крим.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.