Единаесет лица поврзани со компанијата за управување со отпад Think Pink се обвинети за еколошки злосторства во најголемиот еколошки скандал во Шведска во последните 50 години.
Според шведските медиуми, 11 лица од компанијата НМТ „Тинк Пинк“ се обвинети за серија кривични дела во најголемиот еколошки криминал во Шведска.
Компанија за управување со отпад е обвинета дека незаконски закопувала и фрлала десетици илјади тони отпад на 21 локација во 15 општини ширум Шведска, што довело до пожари, протекување токсични материи и милиони трошоци за даночните обврзници.
Истрагата откри штетно ниво на арсен, диоксин, олово, цинк, бакар и нафтени деривати, а пред три години делови од Стокхолм беа обвиени со чад предизвикан од пожар на напуштена депонија управувана од компанијата.
Во центарот на скандалот се успешната претприемачка Бела Нилсон, која себеси се нарекува „кралица на отпадот“ и нејзиниот поранешен сопруг Томас Нилсон.
Фариба Ванкор, порано позната како Бела Нилсон, по потекло е од Иран, а претходно била стриптизета и сопственичка на еротски клуб. Во својата книга од 1998 година, таа откри дека во средината на 80-тите, како 16-годишна, дошла од Иран во Шведска и станала порно актерка.
Сите обвинети го негираат делото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.