Европската комисија предлага санкции и против Владимир Гундјаев, односно поглаварот на Руската православна црква. Станува збор за 75-годишникот познат по своето духовно име Кирил Први.

Со оглед на неговата блискост со рускиот претседател Владимир Путин поглаварот на црквата е едно од 58-те лица од новата листа на кои им се заканува забрана за влез во ЕУ и замрзнување на имотот и банкарските сметки во западни банки. Исто како и на олигарсите и важните политички соработници на Путин. Ова би можело да значи дека патријархот Кирил нема да може да присуствува на Светскиот совет на црквите кој треба да се одржи кон крајот на август во Карлсруе.

На овој предлог јасно се спротивстави унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој рече дека неговата земја нема да поддржи ембарго на руската нафта ниту санкции на поглаварот на Руската православна црква.

 


Целиот текст на Дојче веле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.