Рускиот патријарх Кирил е заразен со Ковид-19 и сите негови закажани состаноци и патувања се откажани. Ова на својата веб-страница го објави Московската патријаршија, цитирана од ТАСС.

Прес-службата на Руската православна црква прецизира дека состојбата на патријархот е задоволителна.

Црквата ги повика верниците да се молат за него. Рускиот патријарх моментално има 75 години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.