Најмалку едно лице загина, а 53 се повредени на Филипините кога балкон на католичката црква се урна врз верниците за време на миса, соопштија локалните власти.
На мисата по повод празник присуствувале околу 400 луѓе.
Несреќата се случила во црква во градот Сан Хозе дел Монте, во близина на главниот град Манила.
Милиони Филипинци денеска отидоа во црква, на денот кој го означува почетокот на постот.
Извор: МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.