Едно лице загина, а 23 се спасени по несреќа во поранешен рудник за злато во Колорадо, САД, кој сега е туристичка атракција, соопштија властите.
Тие рекоа дека луѓето биле заробени шест часа во четвртокот на длабочина од околу 300 метри во рудник во Крипл Крик, Колорадо, откако се случиле механички проблеми во системот на лифтот, објави Си-Ен-Ен.
Единаесет лица беа спасени претходно во четвртокот, а уште десет лица кои дојдоа од друга земја беа заробени на дното на рудникот околу шест часа пред да бидат спасени во четвртокот навечер.
„Меѓу спасените има две деца, а четири спасени лица беа прегледани од медицинскиот персонал за полесни повреди“, изјави шерифот на округот Телер Џејсон Мајкесел, наведувајќи дека е во тек истрага за да се утврди причината за дефектот на лифтот.
Микесел истакна дека 12 лица се заглавени на ниски температури од околу 10 Целзиусови степени и дека имале вода, ќебиња, столици и радио.
Поранешниот рудник за злато е туристичка атракција повеќе од 50 години, а последната несреќа се случи во 1986 година, изјави Микесел.
Во таа несреќа две лица останале заглавени во лифтот, а немало жртви.
Туристичката обиколка на рудникот за злато од 1890-тите трае околу еден час, пренесува Танјуг
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.