Најмалку едно лице е повредено во неколку бомбашки напади во јужната тајландска провинција Јала.

Околу 13 мали експлозии го погодија градот Јала доцна синоќа, најмногу на патиштата пред продавници, пазари, ветеринарски амбуланти и салони за автомобили – изјави заменик-портпаролот на полицијата Кисана Патаначароен.

Полицијата пронашла и најмалку три неексплодирани импровизирани експлозивни направи, направени од конзерви и метални цевки со прикачени тајмери.

Кисана истакна дека полицијата се сомнева оти експлозиите повеќе имале за цел да предизвикаат немири отколку да предизвикаат штета или да повредат луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.