Европската централна банка (ЕЦБ) ги подготвува банките за можен кибер напад поддржан од Русија во услови на ескалација на тензиите со Украина.

Конфликтот меѓу Русија и Украина ги потресе политичките и деловните лидери кои стравуваат од инвазија која ќе му наштети на целиот регион. Затоа ЕЦБ, на чело со поранешната француска министерка Кристин Лагард, која ги надгледува најголемите европски кредитори, е во состојба на готовност поради заканата од кибер напади преземени од Русија.

Досега ЕЦБ беше фокусирана на вообичаените измами време на пандемијата, но кризата во Украина го насочи вниманието кон кибер нападите од Русија.

Според неименуван извор, ЕЦБ ги прашала банките за степенот на нивната заштита. Тој тврди дека банките спровеле вежби за да ја тестираат нивната способност да одбијат кибер напад.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.