Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека нема намера да поднесе оставка поради низа настани што се случија во канцеларијата и резиденцијата во Даунинг стрит за време на „локдаунот“.

Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Кир Стармер, го обвини Џонсон дека ја изменил својата приказна во врска одржаните собири и дека на тој начин го довел во заблуда Парламентот.

На прашање дали ќе се повлече од премиерската функција, Џонсон одговорил: „Не“.

Не го негирам тоа и поради различни причини многу луѓе сакаат да ме отстранат, но причината зошто Стармер сака да заминам е тоа што знае дека на оваа Влада може да и се верува, истакна Џонсон со одобрение од конзервативните пратеници, додавајќи дека тој продолжува со својата работа.

Британската полиција вчера соопшти дека ги истражува наводите за низа настани одржани во канцелариите на премиерот Борис Џонсон во Даунинг стрит за време на карантинот, откако добила докази од внатрешна владина истрага.

Кабинетот на Џонсон оспори дека била организирана забава, објаснувајќи дека група вработени кои тој ден биле на работа во резиденцијата на премиерот, накратко се собрале во кабинетот по состанокот за да му го честитаат роденденот на премиерот, „кој се задржал помалку од 10 минути“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.