Британскиот премиер Борис Џонсон доби фиксна казна за прекршување на Законот за Ковид – 19 со присуство на роденденската забава на Даунинг Стрит број 10.
Џонсон вети дека ќе се бори како премиер и покрај жестоките повици за негова оставка. Висината на казната е 50 фунти (60 евра).
Министерот за финансии Риши Сунак и сопругата на Џонсон, Кери, исто така се казнети за присуство на состанокот на 19 јуни 2020 година во кабинетот. Од градската полиција велат дека се изречени повеќе од педесет казни. Сите тројца изјавија дека ги платиле казните во вторникот.
Џонсон и Сунак се првиот актуелен премиер и министер за финансии кои се казнети. Тие се обвинети и дека го доведоа во заблуда Парламентот со тоа што претходно негираа дека присуствувале на забави за време на карантин.
Сунак веднаш не објави соопштение, што ги „подгреа“ шпекулациите на некои Ториевци дека би можел да поднесе оставка по катастрофалната недела во која даночните работи на неговата сопруга беа под лупа на истражителите. Ваквиот потег, како што наведува „Гардијан“, би извршил голем притисок врз Џонсон да го следи неговиот пример.
Џонсон „целосно се извини“ и ги одби повиците да поднесе оставка, иако полицијата истражува уште шест собири на кои тој наводно бил присутен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.