Две лица загинаа во инцидент во западен Лондон – една жена е избодена до смрт, а маж е убиен од возило, пренесува британски „Експрес“.

Полицијата соопшти дека добила повик веднаш по 9 часот по локално време од патот Чипмунам.

Кога пристигнале на местото на несреќата, затекнале жена со убодни рани и маж удрен од возило.

Констатирана е смрт на лице место.

Портпаролот на лондонската полиција потврди дека повикот пристигнал денеска во 9.01 часот од патот Чипмунам.

На местото на несреќата излегла брза помош, како и пожарникари, а други детали се уште не се објавени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.